top of page
20160430_120151.jpg
20160306_161352_002.jpg

Македонска пастрмка 

(Salmo macedonicus)

Со задоволство можеме да кажеме дека една од најубавите видови на пастрмки е токму Македонската пастрмка. Живее како и сите други пастрмки во чисти и студени води. Ја одликува извонреден колорит, кој во зависност од водата се протега од златно-жолта до кафено-зелена. По телото има црвени и црни точки кои кај повозрасните примероци се покрупни. Карактеристично за неа е што на долниот дел од задната перка задолжително има богата црвена боја, исто како и на задната (помала) грбна перка.

Макс. должина: 50 см. Макс. тежина: 3 кг.

Распространетост: Природно се наоѓа само во водите од егејскиот слив како Вардар, односно неговите притоки Треска, Кадина, Бабуна, Дошница и некои други.​ По вештачки пат е пренесена и во води надвор од Македонија, како Бугарија и Србија.

Други имиња: Македонка​

Мрест: Октомври до Март.  Се мрести во плитка вода и полага од 1000 до 3000 икри.

Исхрана: Се храни со ларви, инсекти, ракчиња и риби. 

Лов: Многу атрактивна за мушичарење поради својата грабливост и претставува посебно убав трофеј поради својот богат колорит. Може да се лови со најразлични видови на техники и нимфи и мушички, односно стримери.

bottom of page