Собир на мушичари во Ниш, Србија
04.02.2016
Во Ниш се одржа 9-тиот собир на мушичари во организација на мушичарската секција на риболовците од локалниот клуб. Главен организатор и модератор на настанот беше прославениот мајстор на мушичарењето Иван Ранѓеловиќ - Ранѓа, попознат и како Микс Мастер. Настанот се случи на 04 февруари 2017 година во ресторанот ББ Стар и ни претставуваше големо задоволство да ја прифатиме поканата за учество. МК Матка веќе подолго време одржува контакт со мушичарите од Србија и е радо виден гост на риболовните терени во Србија и пошироко, а нарочно на настани од овој тип.
Еколошка акција
22. 03. 2015
Природата од секогаш била дарежлива кон овие краишта. Дарувала со прекрасни планини, бистри води и изобилство на жив свет. За жал таа дарежливост не може да ја достигне негрижата на човекот за нејзино зачувување. Бројни отпадоци се наоѓаат насекаде околу нас. Доколку најголемиот дел од нив се од органско потекло, па и да не се грижиме премногу, ќе се разложат за некое време и ќе ги снема. Меѓутоа не е така.
Семинар за врзувачи на мушички
24. 01. 2015
Месецот јануари е време кога мушичарите веќе на големо се подготвуваат и размислуваат за сезоната која е на прагот. Тоа е воедно и извонредно време за надополнување на кутиите со мушички со нови “адути” за следната сезона. Нестрпливоста расте, па токму поради тоа МК МАТКА, во својата програма предвиде одржување на краток семинар за врзување на мушички.
Промоција на Мушичарскиот Клуб МАТКА
07. 12. 2014
Дојде и тој ден!
По претходно одржани два мушичарски собири во организација на Илија Јовановски и по идеа на Горан Стојмановски - Перун, но и иницијатива на Мире Младеновски, а со сесрдна подршка и помош од Мухамет Незири, Фејзула Незири, Бесим Бакиу и Марјан Сотировски се тргна во формирање на мушичарски клуб.
Втор собир на мушичкари
01.03.2013
Во однос на првиот цобир на мушичкари, овој вториов делуваше некако поорганизиран и поинаков. Поинаков пред се поради тоа што се случи на Треска, Матка, на потегот пред ресторанот "Мечкина дупка". Дојдоа триесетина љубители на мушичарењето, а забележливо беше и тоа што веќе мекои од нив беа инвестирале во нова опрема (трски, вадерси, елеци, ранци и разни тракатанци). Дружбата повторно не недостигаше, и на крајот од убавиот ден се заврши со седенка во "Мечкина дупка".
Прв собир на мушичкари
22.06.2012
Во последните години мушичарењето помалку срамежливо започнува да зема некаков замав. Се повеќе риболовци се одлучуваат своите часови покрај вода да ги поминат во мушичарење. Видлива е разликата во генерации, искуство, опрема, знаење… но видлива е и желбата да се совлада и усоврши овој по многу нешта специфичен вид на риболов. Многумина би рекле врв во риболовот.