Еднодневки (Ephemeroptera)
Мајска мушичка (Mayfly)
Еднодневките се веројатно најатрактивниот род на мушички, а засигурно најброен. Постојат бројни варијации на оваа мушичка која своето име го добила според должината на својот живот - еден ден. Понекогаш се случува нејзиниот живот да е нешто подолг или пократок , но сепак генерално се смета дека трае еден ден. Се појавуваат од пролет до есен и се најбројните водни инсекти кои ги среќаваме. Достигаат големина од 1 мм до 3 см.
Постојат бројни варијации на оваа мушичка според големина и боја и во основа се многу слични па тешко се разликуваат. Се разбира ова препознавање не важи и за оние со изострено око и нешто подлабоко познавање на нивните карактеристики.
Животниот циклус на еднодневките е многу интересен, пред се поради бројните трансформации кои ги доживуваат. Подолу ќе ги опишеме сите нејзини фази на трансформација:
Nymph (Ларва) - Nymph
Најголемиот дел од животот еднодневките ја имаат формата на ларва и како такви се наоѓаат на дното од реките прилепени за камења или гранки и претставуваат најчест оброк на менито на рибите. Во оваа фаза можат да се најдат многу долг период. Некои од нив и по повеќе години.
Subimago (транзициска фаза од ларва кон инсект) - Emerger
Ова е фаза на трансформација кога еднодневките "се пресоблекуваат", односно го отфрлаат кожурецот во кој се наоѓаат. Се одвојуваат од дното, го трансформираат своето тело од ларва кон мушичка и се упатуваат кон површината на водата. Воедно, овој краток пат од дното кон површината се наоѓаат на удар на салмонидните риби и тогаш се нивен најлесен плен. Самиот пат од дното до површината трае од неколку секунди до неколку минути, па и часови и пред се зависи од длабочината и брзината на водата, како и нејзината температура. Во оваа фаза нозете и крилјата сеуште не им се развиени, како ни нивниот колорит.
Imago (Развиен инсект ) - Dun
Ова е фаза кога еднодневката веќе се нашла на површината на водата и се трансформира во прекрасна мушичка со импресивни крилја. Притоа уште еднаш се "преслекува" за да го добие својот конечен облик. Крилјата, нозете и опашот се целосно развиени и мушичката може да полета. Животот на сега веќе зрелата единка трае најчесто еден ден. Немаат органи за варење и времето од еден ден го користат за размножување, по што угинуваат.
Spent (Угинат инсект) - Spinner
Фаза кога еднодневката угинува откако претходно се спарила и ги положила своите јајца на површината од водата, со што го продолжува циклусот на опстанок на својот вид. Се разбира, доколку дотогаш не се нашла како оброк на некоја риба.
Животен циклус на еднодневка
Imago 1
Imago 2
Imago 3
Subimago 1
Subimago 2
Subimago 3
Nymph 1
Nymph 2
Nymph 3