top of page
0-02-04-679fdb0ddf0842e64bda10e576c1812c
буцов.jpg

Буцов (Aspius aspius)

Буцовот спаѓа во родот на Cyprinidae исто како и крапот и кленот.  Тоа е предаторска риба чии заби се длабоко всадени па поради тоа и не се видливи. Воедно, пленот го голта слично како и кленот. Претпочита мирни текови на реки и преливи, а особено обожува да престојува во близина на столбови од мостови. Тоа е јатна риба, но најкрупните примероци често ловат сами.

Макс. должина: 120  см. Макс. тежина: 12 кг.

Распространетост: Може да се сретне ширум Европа освен во Велика Британија и Северна Скандинавија.​ За жал го нема во Македонија, но во нашата најблиска околина може да се лови во Сава, Дунав, Морава и Струма.

Други имиња: Балин, Белун, Бајин, Болен

Мрест: Април до јуни. Полно е зрел во 5-та година кога веќе достигнува должина од 30 см. Се мрести во песковита вода и полага од 50.000 до 500.000 икри.

Исхрана: Како млад​ се храни со ларви, црви,  инсекти, ракчиња и алги, а кога ќе порасне со ситни риби.

Лов: Покрупните примероци успешно се ловат на стримери кои треба максимално бргу да се повлекуваат. Буцовот го напаѓа стримерот многу силно и бучно и е многу борбена риба. 

bottom of page