top of page

Беровско езеро

Некако ми помина пролетта и не сум отишол по риба како што е редот. Одлучив да поминам неколку денови на најубавото езеро во Македонија. Не, не е тоа Охридско, ниту пак Мавровско. Тоа е Беровско!

Планирав да бидам таму од понеделник до среда. Но толку ми беше убаво што останав до четврток. Езерото е измислено за риболов со кајак. Па така и бидна.

Пред да одам натака се јавив до Гоце - претседателот на Абланица кој е концесионер на езерово. Воедно оваа репортажа му ја посветувам не него затоа што е посебен човек и голем борец. Тој ми помогна да најдам сместување и за сите денови додека бев таму се јавуваше за да ме праша како сум, како ми оди риболовот,дали ми е ладно...

Едноставно се грижеше добро да си поминам и да дојдам повторно иако немаше никаква корист од мене-имам државна дозвола.

Некаде последниот ден ме покани и заедно да вечераме и во текот на вечерата разговаравме за разни теми: со каква риба се порибува езерото, планови, предизвици, проблеми...

Нешто што заклучив од тој разговор е дека ова езеро и покрај тоа што е преубаво е казнето поради неговата географска зафрленост,патна инфраструктура,демографска популација, рибари-социјалци наместо рибари-рекреативци, мала туристичка и риболовна сезона....

Но како и да е Абланица како риболовно друштво се активни во обука на локалните рибари за етички риболов, борба против криволовци и недозволени методи на риболов, порибување (според плановите во Риболовната Основа) и други предизвици.

Е сега морам да ви кажам дека им честитам затоа што се во многу понеповолна положба од еден куп концесионери. Мало место и сите се познаваат па малку ти е непријатно да казниш некој кој живее две улици подоле, мали приходи поради малиот број на риболовци таму, големи обврски од Риболовната основа, рибочувари, порибувања...

Можеби не е место да го кажам овдека ама мислам дека со исклучок на некој попопуларни ревири (Козјак,Мавровско, Тиквешко, Велешко, Дојранско, Радика, Вардар...) сите останати скоро да не можат да ги исполнат условите од Р.О. и многу лесно можеме ние риболовците да се најдеме во состојба да им биде одземена концесијата на тие ревири и ние да го цицаме прстот. Благодарение на вака "жилавите" друштва сеуште можеме да ловиме ама до кога ќе истаре нивната жилавост?

Да се надеваме уште долго.

Беровско езеро се наоѓа на 1000 м надморска висина и поради тоа времето таму може да биде многу неизвесно. Имаше денови со сончеви периоди,еден ден цел ден ми врнеше, еден ден ме убија брановите… Ништо не ме избрка од таму. Но ако почнеше да грми толку ќе беше од мене.

Како и да е не жалам за ниту еден миг што го поминав на езерото. Жалам само што не фатив пастрмка затоа што тоа ми беше таргет.Фрлав стримери како луд а кога ке ме здоболеше рака тогав ќе пробав на сува.На сува искачаше по некој клен.

Али за кајак нема поубаво. Бев на него по 8-10 саати дневно. Колку беше променливо времето можете да приметите по сликите.

Е овде сакав да живеам :(

Е овде сакав да живеам :(

Сместување во хостел Бистра.

Сместување во хостел Бистра.

За 3 ноќевање за 1 човек платив 1800 денари. Одалечено е на 1.5 км од улив.

Поглед од кајак

Поглед од кајак

Кајакот

Кајакот

Имаше и врнежливи денови

Имаше и врнежливи денови

Оброк 1

Оброк 1

Храна по теркот на Македонски народни приказни

Оброк 2

Оброк 2

Храна по теркот на Македонски народни приказни

И по некоја рипка

И по некоја рипка

По некој клен

По некој клен

Пак клен

Пак клен

И кленче

И кленче

Па кленче

Па кленче

На пауза

На пауза

До браната

До браната

Мали бранови

Мали бранови

Describe your image here

Имаше и сончеви периоди

Имаше и сончеви периоди

Предвечерие

Предвечерие

Еве со кој си правев муабет навечер

Еве со кој си правев муабет навечер

bottom of page