top of page

Двокрилци (Diptera)

Најголема и најраспространета група на водни инсекти. Постојат многу видови на двокрилци, но најчестите нивни претставници се секако комарци, мушички, муви (домашна мува, мува зунзара и др.). Се на се, сите оние ситни и досадни нешта што пролетуваат покрај нас и ни сметаат, а ние често одмавниваме со рака во намера да ги отераме од нас. Често формираат и цели облаци од мушички, нарочно во периодите на потопли денови. Токму тие многу често се наоѓаат на менито на салмонидните риби.

Нивниот животен циклус се одвива во 3 фази: јајце, ларва и инсект. Најголемиот дел од својот живот го поминуваат во фаза на ларви кои можат да бидат многу различни по форма, големина, боја и начин на живот.

Кога ларвата ќе доживее животна зрелост се зачаурува. По одредено време (во зависност од видот) се трансформираат во двокрилест инсект. Формата и изгледот на инсектот многу се разликува од вид до вид. Се среќаваат во големина од 1 мм па се до 3 см. Она што им е заедничко е еден пар крилја, мали или поголеми.

musca_domestica_-_life_cycle1.png
bottom of page