Камењарки (Plecoptera)
Stonefly
Сигурно најголемиот воден инсект кој се наоѓа во сите води ширум, Македонија, Балканот, Европа и светот. Може да достигне големина од 5 см, па и повеќе.
Во својот живот минува низ два стадиуми: ларва (нимфа) и крилест инсект. Притоа, поминува околу 2 години во првата фаза, додека во втората неколку недели. Бидејќи не се добри летачи претежно се движат во средината близу делот од водата од каде што произлегле и каде што потоа полагаат јајца и го продолжуваат својот вид.
Кога се ројат (трансформираат од нимфа во крилест инсект), го прават тоа масовно. Воедно претставуваат и деликатес за салмонидните риби кои сигурно нема да пропуштат да се гостат за време на роењето на камењарките.
Како ларви камењарките во многу наликуваат на ларви од еднодневки , но се многу поголеми, па поради тоа и побарани на менито на рибите. Како возрасни инсекти добиваат 2 пара на крилја и по боја можат да варираат од жолти, преку портокалови, кафени, па се до црни.
Својата трансформација од нимфа во крилест инсект ја прават најчесто на камењата покрај вода и поради тоа и го носат името камењарки. Многу често на камењата можеме да забележиме кожурци, односно отфрлено "одело" од нимфа од кое излегла крилестата камењарка. Воедно неретко тоа се случува и на листови од дрвја. За разлика од еднодневките, камењарките немаат стадиум на subimago туку ларвата се искачува на суво и таму се трансформира во imago, односно крилест инсект.
При размножувањето своите јајца ги испушта на површината на водата, за да потоа потонат на дното и од нив да се создадат нови ларви на камењарка, со што циклусот се повторува како што е прикажано на сликата подолу
Животен циклус на камењарка
Трансформација на камењарка
Stonefly nymph 1
Stonefly nymph 2
Stonefly imago 1
Stonefly imago 2
Stonefly imago 3
Stonefly imago 4