Си лафаме со Атанасовски за старите добри времиња и ни текна дека Дедо Мраз не нема посетено добри 25 години.
И така по теркот на старата "Ако неќе брег Мухамеду, Mухамед ќе брегу" решивме да отидеме во Лапонија кај Дедо Мраз и да го скубнеме за таа бела брада затоа четврт век не лишел од таа детска радост.
Моето патување започна вака: Автобус Скопје - Белград па авион Белград - Малме
Кога стигнав таму се израдував но Атанасовски ме потсети дека ни остануваат уште 1500 км возење. Како пат Скопје - Минхен.
По пат сватив дека и Шведска има проблем со водите. Едноставно имаат премногу вода па морат да ги криват патиштата.
И според народната "ДЕНАР ДА СЕ ФАТИШ, А ПЕТ ДА СЕ ПУШТИШ”, палење колата и возење 16 саати.
Разбравме дека Дедо Мраз последен пат бил виден во Saksnes, село непосредно до Норвешката граница.
Во близина тече реката Ranseran.Една од ретките места каде што има Artic char - најубавата риба која можеш да ја имаш на јадица. Дозволено е да ловат само 10 рибари на ден. Fly fishing only. Реката не се порибува ама добро се чува и стопанисува. Топ дестинација, не само за Македонци.
Реката беше позната по тоа што имаше крупни липљани и пастрмки. За жал пастрмката веќе се спремаше за мрест и ја започнала својата миграција према притоките.
Температурите знаат да бидат многу ниски. Ние бевме пресреќни со 15 степени преку ден а 2 степени преку ноќ.
Облечени трипати повеќе од вообичаеното. Три џемпери, 3 пара чорапи, 3 кебиња.....
Мене ми беше малку потопло затоа што понекогаш ме грееше црнецот. Кутар Атанасовски, немаше кој да го згрее ниедна ноќ.
Да се фати Artic char е права уметност. Кога дојдовме ние имаше група на рибари кој си заминуваа и рекоа дека не фатиле ни една. Рибата многу нежно ја зема мушичката од површината, претпазливо и нелакомо. Откачувањата на рибата се многубројни, скоро фрустрирачки.
Како и да е после два дена успеавме да фатиме по некоја. Рибава е дефинитивно женски род. Елегантна, срамежлива, преубава, ненаметлива.....
Но тука не беше Дедо Мраз. Ни кажаа дека го виделе покрај реката Vojmont. Палење колата и трк да го бараме. Но кога стигнавме кај реката ни кажаа дека веќе после 4 дена немаме ХТП (хигиенско технички прием). Мечка страв.....
На ова место сместувањето ни беше малку попитомо затоа што веднаш до нас имаше направено куќичка за засолнување. Но комарците не потсетуваа каде сме дошле. A од Дедо Мраз.....ни трага ни глас. Го сретнавме само блискиот роднина на неговиот ПРЕВОЗ ама неможевме да се разбереме. Некако чудно ни збореше. Мора да беше тоа лапонски јазик
Лапонија
Патот за Лапонија1500 километри пат пред нас |
---|
Нашите пушки: МАЛИХЕРКИ |
Атанасовски мафта ли мафта.Сака да ги стигне крапџиите во должините. |
Фати - пушти |
Откачувањата беа бројниЕве како изгледа Атанасовски откако откачи една откако ја имаше за кратко на трска. Трската не му е искривена |
Лапонска колибаКако и да е и покрај убавиот оган сепак моравме да спиеме во шаторот. |
Во куќаркаУпс заборавивме да скршиме нешто или бар да се потпишевме во куќарката |
Покрај оганДа искористиме малку Лапонска гостопримливост. |
Артик чар 1Сакам само да напоменам дека сликите и видеата не се обработувани со никакви специални ефекти Photoshop, Instagram или слично. |
Артик чар 2Сакам само да напоменам дека сликите и видеата не се обработувани со никакви специални ефекти Photoshop, Instagram или слично. |
Артик чар 3Сакам само да напоменам дека сликите и видеата не се обработувани со никакви специални ефекти Photoshop, Instagram или слично. |
Еве малку динамика.Колку да не помислите дека сме ги купиле рибите од пазарче. |
Артик Чар |
Артик Чар |
Артик Чар |
Ситни мушичкиЕве иначе со што се храни во природни услови |
Еве на што ги фаќавмемали нимфи и клинкхамери. Изработка на Нино, Setavv и купечки. |
Се фокусиравме на липљаните |
Се фокусиравме на липљаните |
Ловевме на крупни стимулатори |
Cadissi |
Animal fly. |
Со хеликоптер по рибаИмаше и такви што со хеликоптер одеа на риболов |
СместувањеНашето сместување беше по урнек на крапџиите |
ТрпезатаТрпезата беше по урнек на Оки-рибар. Ред сирење, два реда ајвар. Ич не сме штеделе. |
Во шаторНадвор околу 4 степени целзиусови. |
Утринско кафеПоследниот ден правење кафе, наздравување и колата под гз. |
Долг денКвечерините беа боженствени. Еве како изгледа небото во 23 саатот. |
АурораВечерта ја имавме таа привилегија да видиме едно од природните чуда. Поларна светлина или АУРОРА. За жал неможевме да ја сликаме со апарат па позајмив една фотографија од интернет за тоа на што бевме сведоци |
Од околината |
Утринско капењеХигиената сепак мора да се одржува |
Вечерно капењеТопла вода немаше, но тоа е тоа, во здраво тело здрав дух :) |
Комарци |
Прв комшија |
Laponski vodi 1 |
Laponski vodi 2 |
Laponski vodi 5 |
Laponski vodi 3 |
Laponski vodi 4 |
Laponski vodi 7 |
Laponski vodi 8 |