Река Дошница, Илија, Јас и Пегавата
За прв пат моите мушички се избањаа во оваа прекрасна мала планинска река. Благодарение на Илија и наговиот Дачиа Дастер. По краток тел разговор со Илија, кому и не му беше баштешко да ме убеди за мушичарење на за мене нов ревир, се договоривме и решивме да одиме дента околу 9-10 часот (малку доцна, но сеедно, време имаше доволно да се помине добар дел од реката). Јас имав проблем со плаќањето на дневна дозвола, но и тоа го решивме кога стигнавме во Демир Капија, уплатив во поштата каде ги имаше сите податоци за Дошница и ценовник.
Џипот на Илија се покажа одлично по планинскиот пат околу 15 км цел со дупки.
Стигнавме кај браната,доручек,пресоблекување и задоволството на крај. Рекичето мало во септември, ја расцепило планината на два дела низ вековите длабеејќи го своето тешко проодно корито полно со совршено измазнети лизгави карпи, зад и под кои се крие виновникот поради кој и дојдовме. Така гледајки го прв пат малото рекиче во сенката на огромните јавори, не приметив башнекоја активност на површината освен стотици мали жапчиња покрај водата, која и не беше баш премногу ладна... Јас се одлучив за она што намногу го знам нимфарење со 2 нимфи со тоа што 70 см над нив овојпат врзав и емергер, користев полски фазан отежнат со 2.2 глава и доле пливачко зајалко уво. Илија најверојатно поради големиот број на скакулци кои попат ни застануваа на шофершајбната се одлуци за сува мушичка и спреми неколку скакулци.
Некако се договоривме кој прв кој втор и мушичарењето започна, речиси без никаков звук наведнати, клекнати негде и војнички залегнати им се приближувавме на потенцијалните пастрмски места. За брзо време ме изненади една пегава принцеза која даваше крајни сили да се спаси од добро забодената јадица на која имаше полски фазан. Ми позираше неколку секунди и повторно си заплива во бистрата вода. Продолживме понатаму мислејки дека ова ке биде добро одбран ден за мушичкарење, поминавме околу 1 км можеби и повеке тешко прооден терен, клечевме ползевме, но на отворените места беше речиси невозмозно да се прикрадеш без да те примети "непријателот". Јас пробав и да фрлам на затворени места и затоа 10-тина пати заплеткав во гранки, а минимум 5 пати не се отплеткав и преврзував. На тие тешки и обраснати позиции успеав да уловам уште едно ептен мало пегаво и една поубава која за жал неможев да ја сецнам поради лошиот терен и само ја повлеков, успеав да и го видам само стомакот и грбот додека се вртеше и се откачи. Мајстор Илија најде одлично место за добра презентација на сува мушичка, одлично пријде на местото, совршено го обработи, но плод немаше. Веќе беше 30 мин. пред стемнување но активноста на водата беше иста како кога дојдовме, немаше никакво роење, ниедна мушичка немаше во и околу водата, ниеден кожурец како знак дека нешто се изроило. Се собравме вечеравме и патот назад, а позади нас оставивме прекрасна и речиси недопрена чиста природа.
Еве неколку слики што ги направивме и го овековечивме оваа супер сочувано парче на природата (сликите се можеби малце заматани затоа што апаратот ми падна во вода и објективот бил кондезиран или со прст допрен)