top of page
11695824_840261472756179_615735596804709
European-grayling-Thymallus-thymallus-In
13343053_1018534321595559_34275632872247

Липљан (Thymallus Thymallus)

Липљанот е можеби и најспортската риба за мушичарење и секако една од најомилените кај мушичарите ширум Европа и светот. Ја карактеризира голема грбна перка во форма на едро, која кај мажјаците е поголема и поколоритна отколку кај женките. На боковите има неколку црни точки додека кај мажјаците е забележителен црвенкаст дел од телото во близина на задната перка чија што боја добива во интензитет во времето на мрестење. Липљанот има многу мала и мека уста со слабо развиени заби.

Макс. должина: 60 см. Макс. тежина: 2 кг.

Распространетост: Исклучиво чисти и студени води (реки и езера). Се простира ширум Европа, пред се во нејзините северни делови. Присатен е и во Азија (Сибир и Монголија), како и Северна Америка (Аљаска). Нај јужно на Балканот се среќава во водите на Црна Гора.

Други имиња: Липан, Витез...

Мрест: Април до јуни. Мажјакот е полно зрел по 2-3 години, додека женката по 3-5 години. Се мрести во мирни делови на реки со песковито дно и длабочина од околу 1 метар. Полага од 600 до 8000 икри.

Исхрана: Воглавно се храни со ларви, инсекти и ситни ракчиња, а на менито му се наоѓаат и црви, полжави, но и ситни риби. 

Лов: Се лови пред се на нимфи, суви и мокри мушички, а многу ретко и на стример. За разлика од пастрмката многу е повнимателен при земањето на вештачките имитации и не напаѓа агресивно. Неретко само ја вшмукува мушичката од под површината на водата. Активен е преку целата година и во сите делови на денот. За разлика од пастрмката, љубител е на поситни залаци, па поради тоа го ловиме со поситни мушички, неретко #16 и #18, па и помали. Извонреден борец е кога ќе се најде на јадица. Поради малата и мека усна често се случува да отпадне од јадицата.

bottom of page