Ентомологија
Се разбира дека е возможно да се мушичари и без познавање на Ентомологија (наука за инсекти), меѓутоа таквиот вид на мушичарење пред се ќе се базира на среќа. Доколку се сака успешно да се мушичари, тогаш основни познавања од Ентомологија се неопходни. Така би можеле да ги препознаете мушичките кои се ројат, како и да препознаете со кои ларви се хранат пастрмките во одреден дел од годината и на одредени води. Тоа пак ќе ви овозможи да одредите на која мушичка односно нимфа да ловите во одреден дел од годината. Да ја одредите нивната големина, боја и форма. Животните навики на пастрмките всушност се одредени од животниот циклус на инсектите во водата во која живеат.
Самата Ентомологија е многу широка област и не е неопходно да се имаат длабоки познавања од истата, па поради тоа ви ја преставуваме само основната поделба, како и најзастапените видови водни инсекти во Македонија и Балканот.
Самите инсекти генерално можеме да ги поделиме во 2 главни групи: Водни инсекти и Копнени инсекти