Костреж (Perca fluviatilis))
Кострежот живее во реки и езера и може да се сретне во многу наши води ширум Македонија. Тоа е предаторска риба која живее во јато. Г карактеризираат бројни ситни заби и две грбни перки со остри завршетоци во вид на боцки. Кожата му е многу цврста и преполна со ситни и цврсти крлушки кои се силно всадени во неа.
Макс. должина: 50 см. Макс. тежина: 4 кг.
Распространетост: Може да се сретне ширум Европа иако во северните делови поретко. Во некои води добива енормни големини се во зависност од квалитетот на водата и изобилството на храна.
Други имиња: Бандар, Гргеч, Остриж, Перч
Мрест: Март до Јуни. Се мрести во песковита вода и полага до 200.000 икри и има голема репродуктивна моќ.
Исхрана: Како предатор пред се се храни со ситни риби, а понекогаш и со оние од негов род. Воедно на менито му се наоѓаат и ларви, црви, инсекти, ракчиња, но и икри од други риби. Важи за лакома риба која не прибира многу.
Лов: Многу интересна риба за мушичарење која најуспешно се лови на стримери во разни нијанси од бела преку розева, жолта, црвена па се до црна боја. Можеби и најинтересни за кострежот се стримерите во жарки бои.
Нема посебен дел од денот ниту пак период во годината кога посебно и позачестено се храни. Тоа како и неговата лакомост и извонредна борбеност го прави многу атрактивен за риболов.