Одржување на дишечки комбилизон (breathable waders)
Кога го пишував насловот на темава се размислував која е права формулација што всушност треба да се прави на комбилизонот. Дали го переме од валканици? Дали го третираме за да ја обновиме неговата водоотпорност? Или е едноставно одржување кое треба да се прави рутински.
Како и да е од она што го имам погледано на интернет сватив дека со текот на експлоатацијата комбилизонот се валка, подлежен е на истегнување и гмечење со што се нарушува неговата микроструктура (народски кажано ткаењето). Исто така секој комбилизон од страна на производителот е испрскан со средство кое формира тенок филм на површинскиот слој ,кој што слој не дозволува да се задржува капката на вода туку лизга од текстилот. Со користење на комбилизонот се губи филмот на ова средство и потребно е новонанесување.
Баш поради овие причини многу од мушичкарите незнаат што треба да направат и со скептичност пристапуваат кога ќе слушнат дека треба да ги перат во машина за перење алишта,или пак кога ќе разберат дека комбилизонот можат да го пеглаат со пегла.Ова се однесува за дишечки комбилизон (breathable waders).Неопренскиот и PVC комбилизонот се третираат поразлично.
Можеби поради фактот што комбилизоните се скапи и едвај се купуваат па малку тешко би се одлучиле на било каков третман ако не сме 100 % сигурни како се прави сето тоа исправно.
Денес на пазарот се нудат средства за чистење и средства за импрегнација. Средствата за чистење се користат во машина са алишта додека средствата за импегнација обично бараат термички третман (пегла или машина за сушење)
Се нудат и средства кој се две во едно. Такво беше и моето средство.
Значи во мојот случај мојот комбилизонот ми беше извалкан од масло и ми пушташе вода во делот на неопренската ногавица.
За полесно да најдам каде се наоѓа дупката на неопренот се одлучив делумно да го наполнам комбилизонот со вода. Го видов делот и го маркирав за да го залепам откако ќе се исчисти поврешината која треба да се лепи.
Машината се програмира на 30 степени целзиусови,и треба да помине цел циклус. Мојата машина има програм за EASY CARE. Машината переше околу 1:30 Ч , а центрифугираше на 800 вртежи. Средствот го ставив во ладицата каде што се става прашок за перење. Пишуваше 2 капачиња за еден комбилизон.
Ова е средството кое го користев. Направено е во Англија, кошта околу 20 евра и има доволно колку за 3 третмани.
Откако заврши перењето комбилизонот го ставив во машина за сушење. Исто и на машината за сушење го имав програмот за EASY CARE и го избрав програмот за екстра суви алишта. Сушењето траеше околу 1:10 Ч.
Нешто што беше напишано како многу важно е дека комбилизонот мора да се стави во машина за сушење во рок од 15 минути. Доколку тоа не се случи тогаш импрегнацијата ќе биде безуспешна.
Исто така во делот на изборот на програмите ми беше од голема корист видеото што го има поставено производителот на средството а имав среќа што машините за перење и сушење ни беа со идентчни функции.
Откако заврши сушењето го извадив комбилизонот и го оставив да се исуши дополнително пред да ја лепам дупката на ногавицата.
Следниот ден го залепив местото се специјален лепак .Околу изборот на лепакот многу ми помогна тоа што и двата лепака се купени во продавница за рибарска опрема (а не продавница за алати и машини) и нивната намена беше за лепење на комбилизони, Gore-Tex ....какои други материјали (гума, кожа, дрво...).
За жал станува збор за рибарски продавници во странство.Искрено незнам колку од нашиве продавачи имаат вакви лепави и колку од нив знаат кој е соодветен лепак.Затоа подобро верувајте му на интернетот отколку на домашните продавачи.
Еве ги лепаците
Откако го најдов делот кој беше дупнат (поточно фабрички недобро залепен) првин го наполнив со лепак, потоа ги споив двата краја и така ги држев цврсто додека почне да се формира корка на површината (5-7 мин)
После тоа ставив дополнително лепак врз целиот спој за да можам дополнително да го појачам.
Искрено се надевам дека овој текст ќе се најде корисен на секој рибар и дека ќе се смени перспективата на сите оние кој мислат дека е непоправлив нивниот комбилизон доколку пушта вода.
Бистро & Tight lines