top of page

Водни молци (Trichoptera)

Caddis - Sedge

Водните молци се многу застапена група на водни инсекти и важен сегмент во исхраната на салмонидните риби. Нивна можеби главна карактеристика е да се ројат предвечер. Растат од неколку милиметри па до 4 см.

Всушност, во својот животен циклус водните молци минуваат низ неколку фази: јајце, ларва, кукла и крилест инсект.  Во основа ги делиме на оние кои градат и оние кои не градат куќички. Оние кои не градат фазата на ларва ја поминуваат прилепени за камења и водни растенија. 

Јајцата ги полагаат на самата површина од водата или малку под неа на листови од растенија или на камен. Од нив се изведува ларва која веднаш започнува да гради куќичка со спојување на ситен песок и растенија. Нив ги спојува со помош на лепак кој го создава со посебна жлезда. На тој начин изработува  куќичка или т.н. "чаура" во која се сместува. Истата постепено ја продолжува како што и самата ларва расте. Куќичката и служи за заштита од предатори.

По одреден период истите се трансформираат во т.н. "кукли" и доаѓа до нивна трансформација, при што добиваат изглед на инсект кој се наоѓа во кошулка. По околу 2 недели од кошулката излегува крилест инсект (imago).

Крилестиот инсект целосно се формира во вода и откако ќе собере меури со воздух стреловито се упатува надвор од водата. Тоа е моментот кога и салмонидните риби најчесто и најрадо ги ловат. 

Водените молци уште се познати и под името "Caddis" (англиско говорно подрачје) и "Sedge" (американско говорно подрачје), додека на балканот уште се нарекуваат и "Крзнокрилци" или "Тулари".

jana-ruzickova-caddisfly-life-cycle2 (1)
Животен циклус на воден молец
1280px-Caddis_fly_(43647760295).png
800px-Flickr_-_Furryscaly_-_Trichoptera.
Hydropsyche_sparna_larva.jpg
Животен циклус на воден молец
bottom of page