top of page
20160626_135130 2.jpg

Поточара од Неретва

20170218_121340.jpg

Поточна пастрмка (Salmo Trutta Fario)

Поточните пастрмките се едни од најраспространетите видови на риби во светот и претставуваат можеби и најатрактивни риби за мушичарење, односно најголемиот дел на мушичари во светот ги ловат токму нив. Со тоа претставуваат и синоним за мушичарска риба, па затоа и се наоѓа на најголемиот дел од симболи, амблеми, логоа... кои асоцираат на мушичарски брендови, клубови и сл. 

Карактеристично се прошарани со повеќе или помалку црни и црвени точки по телото, во зависност од подвидот, односно од водата во која живеат.
 

Макс. должина: 80 см. Макс. тежина: 15 кг.

Распространетост: Живее во чисти и студени води (реки и потоци), но често се прилагодува и на потопли води, како што е примерот со Нов Зеланд. Ја има во скоро сите реки и потоци ширум балканот во води богати со кислород.

Други имиња: Поточара, Brown trout...

Мрест: Октомври до Март. Се размножува во плитки делови од реката, на песокливо дно или дно со ситни камења и притоа положува од 500 до 3000 икри. 

Исхрана: Се храни со ларви, инсекти, ситни ракови и риби.

Лов: Се лови со сите видови на вештачки креации: нимфи, суви и мокри мушици, како и стримери (посебно покрупните примероци на поточара). Воглавно највеќе се храни во раните утрински и доцни вечерни часови, иако во пролетниот период при ниски температури преферира да се храни во потоплиот дел од денот.

Борбена риба која пружа вистинско задоволство при заморувањето.

Поточара од Радика

bottom of page