top of page

Како времето влијае кај рибата?!?

 

Добрите риболовци знаат дека постојат многу фактори кои треба да се земат во предвид кога треба да се оди на риболов: како што е видот на опрема, типот на мамка и локација каде ќе се лови. Воедно за максимален успех битни се и временските услови. Доволно е да се каже дека времето влијае на риболовот на многу начини, вклучувајќи го и расположението кај рибите.

Риболовците имаат свои теории, но во едно сите се согласуваат: рибите имаат тенденција поактивно да се хранат за време на промена на времето кон постудено. Тоа е докажан факт.

Рибата као и другите животни имаат многу добри сетила за времето. Тие се исклучитолно осетливи на температурни промени како и на промени на воздушниот притисок.

 

Мојата теорија вели дека секогаш на риболовот треба да се пристапи здраворазумно. Да се утврди каде се рибите, зошто се таму и зошто се активни или неактивни. Јас цврсто верувам дека во најголемиот дел рибите го поминуваат своето време сконцентрирани на две нешта: мрест и потрага по храна. Тоа се нарекува опстанок! Сите животни се така ориентирана, вклучувајќи ги и рибите.

Времето во пресрет на студени промени ќе доведе до поволни услови за риболов поради понискиот притисок. Совршениот покажувач на воздушен притисок кај рибите ја зголемува активноста на рибите и може да се очекува добар улов.

Високиот притисок што доаѓа со потоплите периоди рибата станува летаргична, не се движи многу и не е присатна на површината на водата и помала е веројатноста таа да се храни (што не е случај при висок воздушен притисок).

Понизок воздушен притисок и послаби ветрови ја носат рибата поблиску до површината и таа се движи во подолги растојанија во потрага по храна. Тогаш рибата се храни повеќе на површина и е многу активна. Тоа е идеална состојба за мушичарите кои ловат на суви мушички. 

Еве неколку совети:

Риболов на врнежливо време - некои риби, пред се грабливките кои меќудругото се хранат и со инсекти, кога врне се поактивни бидејќи дождот ги турка инсектите во водата.

Риболов во топли и сончеви денови - спротивно на популарното верување, убавото време, не е секогач најдобро време за риболов. Во топлите денови рибата е по рамнодушна, се наоѓа во подлабоките вирови и чека до пред стемнување или рано наутро за да се храни, кога водата е по студена. Тоа е и една од причините зошто мушичарите практикуваат да одат на риболов рано изутрина или доцна навечер, во летниот период.

Риболов во зима - рибата е ладнокрвно животно, така да нејзиниот метаболизам забавува кога температурата на водата е пониска. Тогаш рибата не е активна и се храни помалку. Се храни само со тоа што поминува многу близу до неа и не треба да потроши многу енергија за да го улови, така да воопшто не оди во потрага по храна.

Се надевам дека моето искуство и совети ќе ви помогне во риболовот.

Бистро!

 

Мухамед Незири

bottom of page