Македонски езера
Оваа година одлучив да поминам една недела по Македонските ревири за кој во текот на годината сум слушал најразни мистични приказни од типот: таму никој не лови, има големи пастрмки,еден другар има фатено од 4 кг.....
Летото е добро да се посетат сите оние непристапни места кој во текот на годината ,дали поради снег или дожд или пак лошото време неможат да бидат допрени. Затоа им се намерачив на езерата кој се околу 2000 метри надморска висина.
Одлучив да посетам три локации. Местата нема да ви ги откријам од причина што или имаат недоволно јасно издефиниран концесионер или пак локалците сметаат дека езерото е нивно или пак концесионерот нема реални можности да биде максимално посветен на таа вода и да ја заштитува баш поради нејзината недостапност.
Кога сето ова ке се поправи тогаш ќе ми биде мило секој да може да ја посети таа вода затоа што доживувањето е уникатно.
ЕЗЕРО 1
Одлучивме да одиме со Фејзула и нашиот гостин од Србија -Мирослав.
За да се стигне таму има околу 1:30 час OFFROAD и 1 час пешки.
Ние преспавме покрај самото езеро и затоа моравме да земеме и коњ (во нашиов случај муле) за да ни ја носи опремата, шаторот, вреќите и намирниците. Услугата натака - навака ја плативме 3000 денари.
Тој ден и чуварот одлучи да ни прави друштво за да направи контрола на езерото.
Нашиот гостин им влезе на пастрмките со мајагери и пуздер ги направи. Јас и Фејзула не успевме ниту една да фатиме за два дена. Да не беше Мирослав ќе имавме теорија дека таму нема пастрмки или пак дека е невозможно да се фатат. Сите беа фатени на стример Muddler Minnow.
Среќниот риболовец одлучи да задржи четири риби за да ги направиме на скара вечерта. Така да најголемите и најмалите примероци беа вратени. Иначе имаше фатено околу 10 риби и уште толку откачи. Најголемата пастрмка е жива и Мирослав одлучи да ја врати назад.
Се на се многу убаво езеро полно со инсекти така да треба да знаеш да уловиш пастрмка. Јас очигледно незнаев.
Еве ги рибарите како лежерно се враќаат накај дома имајќи што да зборат на домашните
ЕЗЕРО 2
На ова езеро отидов сам. Спиев во кола две ноќи и три дена.
Прекрасно езеро кое има пастрмка но нема доволно инсекти. Па затоа можат да се видат како пастрмките се раздвижени по обалата барајќи некој инсект да им донесе јакиот ветер.
Јас сите риби ги фатив на скакулец освен првата која се јави на стример.
За жал рибата беше многу неуранета а треба да се спрема за ладната зима.
ЕПП
Кога веќе бев во Охрид решив да тркнам до Шум и за првапат да видам како е таму.
Пастрмки пливаат како Koi Fish по базените. Како и да е, езерото е супер мерак за секој почетник кој сака да го посети.
На сува Blue dyn извадив десетина пастрмки.
ЕЗЕРО 3
На ова езеро се договорив да одам со еден пријател. Вечерта се сретнавме направивме стратегија и утредента веќе тргнавме.
По пат ја изгорев ламелата ама тоа е тоа . Риболовот има цена.
Кога стигнавме одма се размафтавме. Јас на мушичка а пријателот на воблери. И тука добитен ми беше скалулецот. Езерото има само калифорниска пастрмка која најверојатно е порибена од локалните селани.
Видовме дека на езерото има и други посетители кој сакаат пастрмка.