top of page

Ги посетив и скопските продавници за мебел барајќи маса која би одговарала на намената. Кога таму и тие со надувани цени, а и не ги задоволуваа моите очекувања. Падна одлука, ќе бидам сам свој мајстор и ќе направам маса по свој вкус! Не би требало да биде нарочно тешко (барем така мислев во почетокот). Впрочем имам и пријатели на кои тоа им е професија, а уште се и мушичари. Добитна комбинација!

Најпрвин му се обратив на мојот другар по мушичарење Илија Јовановски, а тој и самиот воодушевен од идејата сугерираше дека би требало да ја направам од дрво, а не од иверица. Така масата би била потрајна, но малку и по скапа. Побара само нацрт, по можност со димензии.

Така и бидна, нацртав што сакав вклучувајќи и мерки и добив совет каде да набавам дрво. Се одлучив за буково дрво, односно готови газишта за скали во димензија 90 x 30 x 4 см.

 

Мојот KAYSER

 

Да се биде “комплетен” мушичар подразбира и сам да ги врзуваш мушичките на кои ловиш, бидејќи неверојатно е чувството кога ќе се улови риба на сопствена креација.

Зимските денови (кога е на сила забраната за лов на пастрмка) се вистинското време за надополнување на испразнетите кутии со мушички и подготовка за следната сезона. Тој период на “зимски сон” има некоја посебна убавина и искрено се радувам на почетокот на сезоната за врзување мушички”.

Е сега, како што задоволството во рибарење е поголемо доколку се одвива на терени каде што природата е поубава, така и задоволството на врзување мушички е поголемо доколку се случува во поубав амбиент. Тој амбиент подразбира квалитетна, функционална и пред се убава маса за врзување. Најчесто користиме маси кои не се наменски изработени за врзување на мушички, туку се обични работни маси на кои редиме разни кутии, пакети, ќеси… се на се, хаотична состојба.

Оваа година решив тоа да го изменам и мојата “сезона на врзување” да биде поугодна, односно да се частам себе си со наменска маса за врзување на мушички.

Прва адреса на која се обратив беше GOOGLE! “Гуглав” по интернетот во потрага по готова маса и не е да немаше. Неколку од нив ми се допаднаа, но повеќето и не. На сајтот од Orvisa најдов маса која ми падна во очи, но очите ми излегоа кога ја видов и цената… 800 долари?!?!? Ништо, одиме понатаму… следната 1400 долари?!?… Следната маса уште поубава и поскапа! Лесно се одлучив… не купувам ниту една од нив!!!

 

Купив две газишта со шара која ми се допадна, а Илија ги спои. Така добив работна површина. Најпрвин сакав да правам и ногарки од дрво, но Илија даде добра идеја да побарам постоље од стара машина за шиење Singer кои се од гус и пред се многу убави. Идејата ја прифатив со воодушевување, но набргу потоа воодушевувањето спласна откако увидов дека тешко ќе најдам тука во Македонија. Она малку што го имаше во продажба, се продаваше комплет со машината за шиење и имаше некоја висока антикварна цена, а мене тоа не ми требаше. Скоро да се откажав од барањето кога добив совет од друг мушичар, Мирослав Стојнев од Врање, да побарам по српските сајтови за половни работи. И види чудо, не една, туку повеќе се појавија. Онаа која најмногу ми се допадна беше во Краљево (малку подалеку од мене) и веќе беше офарбана баш онака како што сакав. Уште имаше и интересно име KAYSER (цар на германски). Супер! Таа е за мене!

Му се јавив на Мирослав и тој вели, нема проблем јас ќе ја купам, човекот што ја продава ќе ја прати по брза пошта, па кога доаѓам за Скопје ќе ти ја донесам. Речено - сторено!

Сега имам постоље и работна плоча. Остануваат фиоките и делот за редење на конци и мали кутии за чување на јадици и тунгстени.

Овој дел за конци и кутии е дело на трет другар мушичар (испаѓа дека само столари се бават со мушичарење во Македонија). Пеце од Мимако за минута исцрта што ми треба во AutoCad, стави дрво на CNC машина и готово.

Е сега фиоките! Тука малку се разочарав кога од Илија разбрав дека фиоките се најнеблагодарен дел за изработка. Но повторно ненадејно решение. Во Bricolage продавницата видов кутии за вино од дрво и се роди идеја. Ги купив кутиите и ги претворив во фиоки. Земав кутии за едно и за две шишиња. Овие вториве ги пресековме на половина и се добија 4 фиоки. По две плитки и 2 длабоки. Екстра!

 

Потоа нова идеја! Во Хубо маркет видов мерачи за температура и за влажност… уф како добро би изгледале на масата… не дека се битни за врзување на мушички, но… убави се како детал… Купено! Штета што немаше мерач за воздушен притисок, но добро… друг пат.

Повторно кај Пеце и уште две дупки на задната страница од масата и CNC машината си го заврши своето.

Сега ги имам сите делови и ми останува да ги офарбам и склопам. Тоа секако ќе го сторам сам. Па сепак е ова мој проект. Следна станица ми беше продавница за бои и лакови. Ги купив оние на водена база. Малку се поскапи, но бргу се сушат и воопшто не мирисаат. Лакот исто така на водена база, полусјаен. Ми требаше недела дена за се да офарбам онака како што сакав: комбинација на медова боја и боја на костен.

Резултатот, фантазија!!! Мојот KAYSER ме воодушеви и мене и сите кои го видоа, а се надевам дека ве воодушевува и вас. Потоа споделување на фотографии со пријателите на фејсбук и веднаш лајкување, пофалби, а јас горд на себе и мојот Kaysera. Ако даде господ ќе остане за внуци!

Како што можете да видите беше ова проект на сложни мушичари, па на овој начин им се заблагодарувам на Илија, Мирослав и Пеце, без кои не би успеал да добијам маса како пресликана од старите англиски часописи за мушичарење (според мислењето на Илија).

На крајот чиста математика. Оваа маса ме чинеше 5 пати помалку од онаа на Orvis од почетокот на текстот, а според моето субјективно мислење исто толку пати е пофункционална и поубава.

Дали сум сега подобар врзувач на мушички? Секако дека не!

Дали уживањето во врзување е поголемо? Апсолутно да!

Бистро, отидов да врзам некоја!

bottom of page