Златовчица (Salvelinus)
Златовчицата живее во реки и во езера па според тоа разликуваме речна и езерска златовчица. Има светли точки по телото и често колоритен стомак кој оди од бела, преку жолта и портокалова, се до жарко црвена боја. Често знае да престојува и во морска вода.
Макс. должина: 70 см. Макс. тежина: 10 кг.
Распространетост: Исклучиво чисти, студени води и богати со кислород (реки и езера). Пред се се простира во северните делови од Европа и Азија, а нарочно во деловите близу до поларниот круг. На Балканот се среќава во Бохињско езеро (Словенија), Пливско езеро (Босна и Херцеговина), Биоградско езеро (Црна Гора).
Други имиња: Планинска пастрмка, Горска пастрмка, Босанка, Char...
Мрест: Октомври до јануари. Полно созрева од 3 до 5 години. Се мрести во песокливо дно на езера и реки. Полага од 3000 до 6000 икри.
Исхрана: Воглавно се храни со ларви, инсекти и ситни ракчиња, а на менито и се наоѓаат и црви, полжави, но и риби.
Лов: Се лови на нимфи, мушички и стримери. Важи за добар борец, но и многу пробирлива риба.