Ископавме дупки, ги зациментиравме држачите и еве како тоа изгледаше
Првакот извади пастрмки на Вардар. Наградата беше мушичарско елече спонзорирано од Атанасовски.
Прв собир на мушичкари
Во последните години мушичарењето помалку срамежливо започнува да зема некаков замав. Се повеќе риболовци се одлучуваат своите часови покрај вода да ги поминат во мушичарење. Видлива е разликата во генерации, искуство, опрема, знаење… но видлива е и желбата да се совлада и усоврши овој по многу нешта специфичен вид на риболов. Некои би рекле врв во риболовот.
Од овие причини нормален след на околности е да се организира и некаква средба на мушичарите, со цел да се запознаат, да споделат искуства, да се дружат. Главен иницијатор на една ваква средба беше Илија Јовановски кого не го мрзеше да контактира луѓе, да изработи плаката - повик за Прва мушичарска средба.
Поради тоа што се случи во време кога реката Треска која е најзначајната вода за мушичарите од околината на Скопје немашае концесионер, беше одлучено истата да се случи на Вардар, на потегот зад стадион на фудбалскиот клуб Македонија во Ѓорче Петров.
Еве што за самиот собир вели главниот иницијатор Илија Јовановски:
Фала на сите за подршката. Значи собирот имаше 3 цели:
1 запознавање на сите мушичкари и размена на контакти....
2 воспоставување на линк помеѓу постарата (југословенска) и помладата(интернет) генерација на мушичкари
3 претставување пред МРФ за да можат во иднина да не имаат во план,програма,натпревари...
Севкупно се собревме околу 15 мушичкари и неколкумина гости. Инаку имаше многумина кој не можеа да дојдат, кој заради одмори, свадби, Систини...а морам да им се извинам на многумина кои не успеав да ги поканам затоа што немав нивен контакт или пак им се јавив предоцна. Нешто што ме изненади е што кога разговарав со еден мушичкар одма ми даваше телефон на уште двајца други. По моја проценка во МК има над 60 мушичкари.
Најпрвин се собревме на скопска Треска и поставиве држачи за трски. Со ова сакавме да го обнародиме нашето постоење и да си обележиме територија исто како што тоа го прават кучињата на секое дрво :)
Потоа отидовме до еден ресторан каде што почнавме со работилниците. За жал кафанскиот петок и фудбалот не создадоа добра атмосфера за дискусии ама добро се држевме.
Имаше доделување на прва награда за најуспешниот. Првакот извади пастрмки на Вардар. Наградата беше мушичарско елече спонзорирано од Атанасовски.
Др Васил Костов накратко не запозна со 7-те видови на пастрмка кој живеат во Македонија. Муабетот беше доста информативен и не запозна со реалната состојба во МК и пречките кој стојат како предизвик за сите нас.
Трајко - врзувачот се најде со најбистар вид и ни демонстрираше врзување на мушичка. Помладите врзувачи немаа доволно светло :)
На крајот го предадовме списокот кој едвај содржеше 22 члена. Васил како претседател на МРФ не информираше дека веќе во септември во Босна има некое првенство и дека се вољни да испратат преставници од Македонија. Доколку има заинтересирани треба да се обратат во МРФ, да ги видат правилата на натпреварот, котизации, финансии....
Собирот помина во најдобар ред, без многу испиени пиво и алкохол, со желба ист ваков да се одржи во најскоро време. Затоа што сега за сега немаме никаков FF клуб, јас ги поканив сите да започнеме да комуницираме со цел да дојде до негово формирање.